Тврдењата дека Македонците во Албанија се принудувани да се попишат како Бугари, лично ќе ги испитува министерот Бујар Османи, кој рече дека веќе комуницирал со нив и утре ќе ги посети општините каде живее македонското малцинство во оваа земја.
А, како што вели, од тоа што ќе го слушне ќе зависи дали ќе биде побарана помош од официјална Тирана.
– Се договоривме утре, јас да ги посетам и Пустец и новиот граничен премин Џепиште – Требиште во кој исто така живее македонско национално малцинство во Албанија во договор со нашите таму, така што ќе ги посетам и општините и училиштето и ќе имам комуникација со граѓаните и нивните здруженија во текот на целиот ден за да ги слушнам нивните забелешки и да видиме што можеме ние да помогнеме во комуникација со Република Албанија, изјави Османи.
Тој денеска даде отчет за сработеното како министер за надворешни работи на Македонија.
Видето на ТВ Сител може да го погледнете ТУКА.