Шефот на дипломатијата Бујар Османи честиташе до МПЦ и до сите верници по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на афтокефалноста на МПЦ-ОА.

– Убава вест за Македонците, за сите православни верници, и за сите граѓани на С. Македонија. Саборот на Српската православна црква (СПЦ) донесе правилна одлука со која ја прифаќа автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), наведува Османи на својата објава на Фејсбук.

Честитки МПЦ и до сите верници кои што долго време ја чека оваа правична одлука, додава Османи.