Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави гласањето во бугарскиот парламент и најави дека во следните денови ќе продолжат консултациите со партнерите во Бугарија и … Македонија.
Тој му се заблагодари на бугарскиот парламент и премиерот Петков, како и на Северномакедонците, како што повторно не нарече, откако тоа му се случи и вчера, а министерот на „нашата земја“ Османи рече дека било ненамерно.
„Во однос на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија. Повикав на гласање во бугарскиот парламент, за укинување на бугарското вето во однос на северномакедонските преговори за членство, што исто така ќе и помогне и на Албанија. Ќе продолжиме со ова. Ги имаме преговорите со бугарските и северномакедонските колеги да се најде решение и постигне договор во следните неколку дена и сите се подготвени тоа да се формализира. Би сакал да им се заблагодарам на бугарскиот премиер, коалициските партнери, опозициските партии кои тоа го изгласаа. Честитки за Северна Македонија на напредокот. Се уште има работа да се заврши, но ова сепак е напредок – изјави францускиот претседател Макрон.