Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека средбата на која присуствувале актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ и шефот на руската дипломатија била свикана со цел да се обезбеди натамошно функционирање на институциите на оваа меѓународна организација.
Денеска, на маргините на 30-от Министерски совет на ОБСЕ, актуелниот претседавач со Организацијата, Бујар Османи ги повика министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, чија земја се очекува да го преземе претседавањето со ОБСЕ за 2024 година и министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. Средбата беше свикана со цел да се обезбеди натамошното функционирање на институциите на ОБСЕ, во контекст на специфичните околности во кои се наоѓа Организацијата, се наведува во соопштението од МНР.