По вчерашниот предлог на интегративците прв Албанец премиер да биде собранискиот спикер Талат Џафери, денеска партискиот потпретседател Бујар Османи најавува дека следната мисија на ДУИ ќе биде и шеф на државата Албанец, потенцирајќи дека фунцијата претседател сега е единствената каде што има етнички монопол.
„Талат Џафери ќе биде првиот премиер Албанец, вториот пат повеќе нема да биде тема кога ќе има втор премиер Албанец, бидејќи и премиерството ќе биде дел од сузбивање на етничкиот монопол.
И само уште една позиција каде што има етнички монопол е претедателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ. Ова е визијата и мисијата на Али Ахмет, кој како што сум кажал мандат по мандат, поглавје по поглавје, дел по дел го создава мозаикот на неговата визија“, вели Османи.