Почитувани,

СДС забегува со штетите кои што ги нанесува на Македонија. Избега од бришење на срамен проект пржинска влада за Талат Џафери да го стават за премиер.

СДС откако го инсталираше Димитар Ковачевски, без избори, сега го инсталира Талат Џафери за премиер, и тоа само по одлука на Мала Речица.

И ова не е единствената точка на истоветност помеѓу двајцата.

На јавноста веќе и е познато дека и Џафери како Ковачевски беше дезертер од Армијата.

Деспотот од Форино е лик познат во јавноста од неговите кршења на закони и процедури, до снимките со неговите сочни пцости и испади, што никако не е материјал за премиер на држава како Македонија во криза.

Но, Македонија со СДС мора да трпи затоа што Мала Речица, Али Ахмети и Артан Груби така му наредиле на Димитар Ковачевски.

Тоа е и единствената причина зошто се уште во Македонија постои срамен проект наречен пржинска влада, и зошто нема промена на изборниот модел.

Прашање: Џафери не ви е прифатлив за предлог, но дали ќе учествувате во техничката влада, и доколку веќе се решете да учествувате со кој датум?
Одговор: Тоа што можам да го кажам е дека во следниот период телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесат одлука и дали ќе се учествува и евентуално со кои имиња би се учествувало во таква влада.

Прашање: Османи денеска имаше изјава дека следен проект им е претседател на државата, дали шеф на државата е партиски проект?
Одговор: Следен проект на ДУИ е заминување во длабока опозиција.

Прашање: Би го гласале ли Јован Митревски за претседател на Собранието?
Одговор: Тоа е не битно во моментот, важно е дека Талат Џафери по избор на Мала Речица и со една уцена од ДУИ кон СДС ќе биде премиер во следниот период без никаков легитимитет.