Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска треба да се сретне со претставници на „македонските Бугари во Македонија“.

Средбата е закажана еден ден до истекот на рокот за употреба на двете бугарски здруженија Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети, кои треба да ги сменат имињата, во спротивно ќе бидат затворени.

Темата на разговорот на Османи со „македонските Бугари“ не е позната, но според одредбите на Законот за здруженија и фондации, сите оние кои нема да ги усогласат името, називот или статутот, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот, врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда, по претходно добиено негативно мислење.

Министерот за правда треба да донесе одлука за неусогласеност во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на законот или до 16 март и врз таа основа Централниот регистар треба да ги избрише.