ДУИ се смета за чувар на договорите, рече шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, на прашањето дали е можно коалицирање на неговата партија со ВМРО-ДПМНЕ, која е против промена на Уставот за влез на Бугарите.
Во вечерашната емисија Клик плус на ТВ 21 Османи на ова прашање одговори:
– ДУИ се смета за чувар на договорите. Така некако ни е именувањето. Ние сме чувар на трите договори – Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија и сите кои што се против тие договори не можат да бидат заедно со чуварите на тие договори, рече Османи.
Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ немаат аргументи за да бидат против овој договор.