Македонија нема да воведе визи за Косово како што првично беше нотирано во извештајот на ЕК бидејќи се работи за направена грешка која веќе е корегирана потенцираше министерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарски прашања во врска со темава.
Според Османи ова никогаш не поминало и не се разгледувало во телата на ЕК бидејќи е контрадикторно, но и ги отфрли како невистинити тврдењата за евентуално одземање на визната либерализација на Македонија .
Иако првично во извештајот беше нотирано дека земјава нема превземено акција во 2021 за дополнително усогласување на визната политика со онаа на ЕУ а меѓу државите беше наведена Косово сепак подоцна од истиот тој извештај Косово беше одземено.
И денеска од МНР потенцираа дека трендот не треба да води кон воведување на визи туку кон минување на границите меѓу Македонија и Косово со лична карта. Меѓу останатите земји за кои се нотира во истиот извештај дека земјава треба да воведе визи се и Турција, Азербејџан, Боцвана, Куба и Ел Салвадор.
Слична препорака со оваа листа на земји за кои треба да се воведе виза ЕК ја имаше нотирано и Црна Гора од која исто како и Македонија се бара усоглчасување со ЕУ визната политика.