Шефот на македонската дипломатија и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна на Главната железничка станица во Киев и ја почна посетата на Украина.

Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија, соопшти МНР.

 

Во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.

Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето –  состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!, наведуваат од МНР.