Две нови мерки за запирање на провокациите на патод кон Европската унија најави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во интервјуто за бугарската национална телевизија БТВ.
Посебен обвинител задолжен за говорот на омраза во Македонија, како и посебна канцеларија од ваков тип кај Народниот првобранител (Омбудсманот) се двете мерки кои Османи ги најави за запирање на провокациите меѓу Македонија и Бугарија.
Во интервјуто за бугарската државна телевизија, Османи најави и дека во Министерството за политички систем, кое го предводи неговиот партиски колега, Артан Груби, ќе има и претставник на бугарската заедница во Македонија.
Османи, како што објавивме, ова го најави во интервјуто за БТВ, по вчерашната посета на тепаниот македонски Бугарин Кристијан Пендиков во Софија, кој е секретар на бугарскиот културен центар Цар Борис Трети во Охрид.
Османи во посета на Пендиков беше заедно со бугарскиот колега Николај Милков.