Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање околу инцидентот со синот на поранешен функционер на ДУИ, кој го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.
– Штом рековте поранешен, не се чувствувам повикан да коментирам, бидејќи тоа се граѓани, како и сите други граѓани. Институциите треба да постапат, како и за секој граѓанин, рече Османи, додавајќи дека да беа функционери на партијата можеби ќе изнел свој став.
Како што информира вчера МВР, во вторникот во 23:54 часот „М.Б. (45) во СВР Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28)“.
Портпаролот на РКЕ, Марина Узунов за МИА изјави дека нападот е пријавен во МВР и дека Бислимоски „е добар, колку и да е тоа соодветен збор по инцидентот“
Од МВР за МИА информираа дека по целосно документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.