Основачот на трговскиот ланец ДМ Готц Вернер, кој неодамна наполни 75 години, има една желба: да придонесе со своите идеи за светот да биде подобар.

Пред повеќе од четири децении, тој ја изградил својата империја од ништо. Денес тој е познат како поддржувач на идејата за воведување на основен приход за сите граѓани, без оглед на тоа дали тие работат или не.

Повеќе од десет години откако престана да работи, тој е задоволен од бизнисот со ДМ. Меѓутоа, со сета таа дигитализацијата, автоматизација и глобализацијата, тој предупредува дека луѓето не смеат да се заборават: „ Луѓето и нивните потреби. Тие мора да биде цел на сите напори. Тогаш ништо не може да го спречи успех.”.

Тој признава дека неговиот успех го изненадил. Патот од „продавач на пасти за заби” (како што со задоволство самиот себе се нарекува) до реномиран претприемач со социјална црта не беше предвидлив: „Во училиште, повторував клас, по 11 години го напуштив училиштето. Бев германски јуниорски шампион во веслање, потоа учев за фармацевт, па потоа станав офицер. Одметнат син. Сонувач. Основач на компанија против своја волја”. Така Готц Вернер го опишува својот животен пат во својата биографија.


Одметнат син

Неговиот татко бил сопственик на дрогерија во Хајделберг. Тој го исфрлил својот син од дома, бидејќи не држел многу до неговите бизнис идеи. За Вернер, кој имал 28 години, ова искуство било болно, но на некој начин му било исто така корисно. Летото 1973 ја отворил својата прва дрогерија во Карлсруе: Drogeriemarkt dm. За разлика од постојните аптеки, во оваа владеел систем самоуслужување, имала три пати поголема површина и помал избор на стоки, но и пониски цени.

ДМ брзо растеше. Сопственикот секогаш бил отворен за нови идеи: многу рано почнал да продава еколошки органски, направил специјални договори со индивидуалните продуценти и имал поинаков однос кон вработените. Во центарот бил купувачот, вработените можеле да имаат профит од добивката, компанијата дејствувала како социјален организам. И по пензионирањето, Готц Вернер повремено ги посетува своите филијали за да поразговара со луѓето и да се убеди дека сè е во ред.

Во Германија секој ден 1,8 милиони луѓе купуваат во ДМ. Оваа компанија ширум Европа има вработено повеќе од 60.000 луѓе во околу 3.500 продавници со годишен обрт од 10,7 милијарди евра.

Готц Вернер се уште е член на Надзорниот одбор на неговата компанија. Но, тој своите акции ги дал во добротворни цели. За своите деца, вели дека имаат егзистенцијална сигурност: добро образование. Само син му Кристоф работи во ДМ, како шеф на маркетинг и набавки.

Социјална линија

Готц Вернер е малку поинаков претприемач: тој се бори за воведување на основен приход со години. „Приход за сите” – така се вика неговата книга – според него, има врска со човечкото достоинство. „Со оглед на изобилството во кое живееме, ние мораме без одложување да дејствуваме и да ја регулираме нашата социјална држава, така што секој да може да живее достоинствено како човек”. Тој посебно сташна ја смета сиромаштијата во старост: „Тоа е груба неблагодарност, бидејќи нашата благосостојба е заснована на ангажирање на претходните генерации”.

По стотици предавања, дискусии и интервјуа, Вернер со нетрпение очекува да види оваа тема да развие динамика. Тој е сигурен: „Безусловниот основен приход обезбедува решенија за многу предизвици со кои денес неуспеваме да се носиме”.

Од минатата есен, поради здравствени причини, тој мора малку да ја намали својата активност. Готц и неговата сопруга Беатрес живеат во Штутгарт и имаат четири внуци. Неговата најголема желба е: „Моите идеи како претприемач и застапник на безусловниот основен приход да продолжуваат да дејствуваат и да придонесат за еден свет пријатен за живот”.