Основачот на кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеи” одговори на американските напори за ставање на неговата компанија на црната листа, со изјава дека светот не може без Хуавеи и неговата „понапредна“ технологија
-САД не можат да не скршат, рече Рен Женгфеи во интервју за Би-Би-Си.
-Светот не може да не отфрли бидејќи сме понапредни.
Рен (74) го осуди апсењето на неговата ќерка, главен финансиски директор на Хуавеи, Менг Ванжу, нагалсувајќи дека е „политички мотивирано”.