Поради пожар од утрово е затворен аеродромот „Чампино“ во Рим.

Патниците од аеродромот итно беа евакуирани откако се појавил чад. Пожарот избувнал околу осум часот утрово.

Според италијански медиуми, пожарот почнал да се шири од делот за патници кои пристигнуваат на тој аеродром. Дел од летовите се откажани, а дел од авионите што слетуваат се пренасочени кон вториот аеродром во Рим – Фиумичино.