Затвор од 15 години за полов напад врз дете, пресуди Основниот суд во Кавадарци, информираа попладнево од Судот, со објава на нивната официјална Фејсбук страница.
-Поради интересот на јавноста, Основниот суд Кавадарци известува дека петчлениот кривичен совет со кој претседаваше судијата Лазар Нанев, како претседател на кривичниот совет, спрема обвинетиот В.Т. за кривично дело ‘Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години’, по член 188 став 1 вв член 45, донесе пресуда со која на обвинетиот му изрече казна затвор од 15 години, соопштија од Судот.