Годинашен добитник на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија, Абиј Ахмет, одличје за кое беа номинирани премиерот Зоран Заев и доскорешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.

– Кога Абиј Ахмед стана премиер во април 2018 година, тој јасно стави до знаење дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо ги разработи принципите за мировен договор со кој ќе се стави крај на долгорочниот ќор-сокак меѓу двете земји, соопшти Комитетот.

Голема политичка помпа беше направена во Република Македонија и во Грција со номинациите на Заев и Ципрас за Нобелова награда за мир за 2019 година поради Договорот од Преспа, со кој беше сменето името на Република Македонија.

Номинацијата на Заев и Ципрас лани во Скопје беше објавена од добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.

Од номинацијата на Заев во Скопје