Пакистанскиот премиер Имрах Кан возврати денеска на обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Пакистан го криел Осама бин Ладен и покрај тоа што добивале милијарди долари американска помош.

Кан на Твитер напиша дека Пакистан имал 75.000 жртви и изгубил 123 милијарди долари во „америиканската војна со тероризмот“ и покрај фактот дека ниту еден Пакистанец не учествувал во нападите од 11 септември 2001 година во САД.

Кан напиша дека САД му обезбедиле „минорна“ помош од 20 милијарди долари.

Трамп во интервју за Фокс њуз рече дека секој во Пакистан знаел каде се наоѓа Осама и никој ништо не рекол и покрај тоа што САД им давале помош од 1,3 милијарди долари годишно.