Здружението на новинари акредитирани во Белата куќа оваа година на својата традиционална вечера ќе прекинат со традицијата за повикување комичари кои вообичаено се шегуваат на сметка на актуелниот претседател, по минатогодишниот контроверзен настап на Мишел Вулф кој ја подели САД.

Наместо тоа, Рон Черноф, биограф на американските претседатели ќе одржи говор.

На минатогодишната вечера Мишел Вулф предизвика контроверзи и несогласување на дел од јавноста кога грубо го навреди персоналот на Белата куќа и особено ја навреди портпаролката Сара Сандерс, нагласувајќи дека „запалува факти и потоа користи пепел за да создаде совршена сенка за очи и ефект smokey eyes“.

Вулф с енајде на мета на критики не само од републиканските туку и од демократските кругови.

Од друга страна многумина застанаа во одбрана на комичарката и го прозваа здружението дека има недостиг од храброст.

На вечерата се собираат пари за стипендирање студенти.