Марјан Даскаловски соопшти дека поднел оставка од функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица.
Во објава до јавноста, Даскаловски наведе дека оставката ја доставил до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочувајќи дека одлуката ја донел од лични причини.
„Оваа одлука ја носам со мирна совест и чисто срце, водена пред сè од лични причини“, истакна Даскаловски.




