Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ денеска поднесе неотповиклива оставка.
Како што рече, ниту еден ден на местото министер не го поминал во мирни услови.
– Работев во програмирани околности во кои станав цел. Ова е медиумска оркестрација…не сум во состојба да прифатам невидени удар врз достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство, рече Мариќ.
Тој ја поднесе оставката после потпишувањето на договорот за подарување државен имот на општината Нови Винодолски, истакнувајќи дека тоа му е последен договор кој ќе го потпише.
– На сите кои сакаат мојот живот да го претворат во хаос им порачувам дека нема да успеат во тоа, рече сега поранешниот министер за државен имот.