Министерот за одбрана на САД, Лојд Остин изјави дека можноста за руска инвазија на Украина не е блеф.

Остин оцени за Еј Би Си Њуз дека Русија може да нападне за кратко време и дека има се што е потребно за „успешна инвазија“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера изјави дека е убеден оти рускиот претседател Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина.

Русија ги отфрла западните тврдења дека подготвува напад врз Украина и бара Алијансата да не се шири дополнително, нагласувајќи дека ги штити нејзините безбедносни интереси.