Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин порача денеска дека поддршката на меѓународната заедница за Украина останува „силна“.
„Сите заедно ќе обезбедиме Украина да има се што и е потребно за да живее во слобода. Прашањето за „муниција и оружје за противвоздушна одбрана“ ќе биде во центарот на дискусиите на денот, рече Остин на отворањето на состанокот во американската база во Германија.
Сојузниците на Украина, под притисок на украинскиот претседател Володимир Зеленски да испорачаат повеќе оружје и муниција, се сретнаа за да ја координираат воената помош за Киев.
Состанокот во американската база Рамштајн, на југот на Германија, го организира Остин, а присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој вчера беше во посета на Киев.
„Оваа контакт група е пообединета од кога било досега во поддршката за силите на слободата во Украина“, рече Остин.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави првата годишнина од состанокот на сојузниците, на кој учествуваат околу 50 земји.
„Ја чувствуваме поддршката од нашите партнери“, рече украински функционер пред отворањето на состанокот.