Криволовец од Мисури осуден е на гледање на цртаниот филм „Бамби“ еднаш месечно додека му трае затворската казна од преку една година затвор поради негова улога во убивање преку сто елени.

Дејвид Бери Џуниор осуден е на 15 месеци затвор откако се произнесе за виновен во случај за некозанско усмртување дивеч, во дело што според одделот за екологија н Мисури е едно од најтешкиот криволов на елени во историјата на таа држава.

Судијата го осудил 29-годишниот Бери да мора еднаш месечно да го гледа цртаниот филм, хит на Дизни, со наслов „Бамби“ се додека му трае издржувањето на казната. Во период од три години, тој и неговото семејство се одговорни за убивање повеќе од сто елени кои биле „трофејни“ за нив.