Суд во југозападна Германија осуди пар, кој нудел дете на педофили преку интернет. Жената Берин Т. (48) е осудена на 14,5 години затвор, бидејќи за онлајн проституција на својот син земала пари. Нејзиниот партнер Кристијан Л. (39) е осуден на 13,5 години затвор. Двајцата признале дека, не само што го нуделе момчето на многу клиенти, тие и самите го злоставувале.
Судот тврди дека мајката и нејзиниот партнер допуштале многу странци и локални луѓе, да го злоставуваат деветгодишното момче во текот на две години, во замена за илјада евра.
Покрај парот, судот уапси уште осум лица, а тројца Германци, еден Швајцарец и еден шпански државјанин се осудени на казна затвор од осум до десет години.
Иследниците изјавиле дека ова е најстрашниот случај на злоставување на дете, кој некогаш го виделе. Злосторството се случувало во градот Штауфен.
На интернет се појавија и видео снимки на тие злосторства, а на некои од нив се гледа врзано момче со маска на лице.