Министерството за здравство информира во неделата дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа со направи 2.667 тестирања, регистрирани се 285 нови случаи на Covid-19.
Далеку најголем број нови коронаинфекции повторно се потврдени во Скопје – 110, па следат Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет смртни исходи: по две починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје две и едно од Кочани, на возраст од 72 до 85 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата од почетокот на епидемијата на коронавирусот се направени вкупно 1.428.941 тестирања со кои се дијагностицирани 209.277 случаи на зараза, бројот на оздравени пациенти е 193.400 ана починати е 7.328, додека во моментов има активни 8.549 случаи. Не се дадени податоци за хоспитализациите.
Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.