Поранешната независна група составена од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „за“ Договорот од Преспа за смена на уставното име на Република Македонија ја честитаа веста дека МПЦ-ОА доби автокефалност.
– Овој сон стана реалност и денешниот празник св. Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет.
Сите ние што гласавме за Преспанскиот договор, имаме удел во победите кои се случуваат денес и вредеше секоја жртва. Да се гледа иднината, не е секогаш едноставно, велат во објавата од оваа независна пратеничка група, која ја поддржа политиката на експремиерот Зоран Заев.
Членовите на групата посакаа да се множат убавите вести за Македонија и велат дека им е задоволство што ставиле делче во мозаикот на македонските победи.
На списокот на оваа група, која за голем дел од Македонците, изврши предавство со тоа што го поддржа Заев, смената на Уставот и името на Република Македонија се поранешните пратеници: Владанка Авировиќ, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Елизабета Канческа Милевска и Емилија Александрова.