„Уранија Пировска самоуверено изјави: „Господ е најголем непријател на жената.“
А барем да имаше прочитано еден мал дел од Новиот Завет, па така торжествено и со восклик да даваше вакви (дефинитивно) не/издржани изјави. Крунисана кралица…

Р. Ѕ. Од што Господ е женомрзец не се спомнува Богородица, жената блудница, жената Хананејка, мироносиците, и да не редам светителки. Кој хејтер значи…“

Ова е реакцијата на ФБ на отец Димитар Арсовски по денешната изјава на претседателката на „Хелсиншкиот комитет“, Уранија Пировска при расправата во собраниската комисија за Законот за абортус.

Како што објави Слободен печат, Пировска изјавила:

„Никој нема право, најмалку верските заедници да влезат во овој дом. Република Македонија е секуларна држава и многу ни е драго што беше спречено нивното влегување овде. Овде се носат световни закони, тие во своите храмови нека одлучуваат за небесните. Господ секогаш и бил најголем непријател на жената и нема право да се зборува за верски чувства при носење на овој закон.“