Отец Ивица ТОДОРОВ

Глупавоста не е само недостаток на интелект, не е само недостаток на образование, не е само недостаток на култура!

Не, глупавоста е, пред се и над се, недостаток на достоинство, недостаток на почит кон самиот себе си!

Сигурно ви станува јасно зошто голем број современи Македонци ја прифаќаат окупацијата на нашата држава и го подржуваат и го потпомагаат понижувањето кое му се случува на целиот македонски народ! Не е само поради недостаток на интелект, образование, култура, туку поради недостаток на лично и колективно достоинство и поради недостаток на почит кон самите себе си како личности и како народ!

Кој не се почитува, кој не се вреднува самиот себе си тој не може да очекува го почитува, да го вреднува некој друг!

Овој свет е суров! Интересот владее со се! А ние не смееме да бидеме повеќе глупави!

Да, во овој свет има и добрина и пријателство и доверба и разбирање и милост и љубов, но тоа важи на личен, а не на колективен план!

Мудрите народи преживуваат, а глупавите исчезнуваат!