Еден од најознатите духоници, отец Тадеј, кој почина во 2003 година, долги години пател од реума и неподносливи болки во зглобовите. Покрај тоа имал и проблеми со крвните садови и крвниот притисок.
Одел на лекари, но за неговата состојба немало лек, кој целосно ќе го излечи. Затоа, тој одлучил да побара помош во природната медицина. Тогаш, го пронашол судбоносниот рецепт кој го излекувал, кој го пронашол во книга за билки.
„Имаше една лекарка од Белград, сестра Борка, и според нејзините упатства со години одев на бања поради реума и гастритис. Не ми помогна бањата, само малку ми ги ублажи тегобите. Ми здодеа таа бања. Понекогаш одев двапати годишно. Си реков дека повеќе нема да одам, па што сака нека биде. Ама од пуста болест, десната рака двапати ми се вкочануваше. А докторот ми велеше: вежбај човеку, ќе ја изгубиш и другата рака. Често имав болки. Кога ќе ја подигнев раката – болки, не можев ниту да се прекрстам. А имав една книга за билки, па ја погледнав, можеби ќе најдам нешто. Во книгата беше опишан еден лекар од Париз кој излекувал некоја жена која целата била ревматична и неподвижна. И давал да пие чај од листови од црна рибизла и целосно ја излкувал. Му реков на братот, оди во расадник и да купи колку што можеш. Тој нашол 20 садници и сите ги донесе. Штом разлиста црната рибизла, веднаш почнав да берам листови и да пијам чај“, раскажувал во една прилика отец Тадеј, додавајќи дека штом пролистале веднаш почнал да пие чај.
Еве го рецептот:
Во пола литро зовриена вода ставете 15-20 листови, а по едно две вриења, тргнете го од огнот.
Овој чај се пие без шеќер. Едноставно само како топла вода. Отец Тадеј ставал мало лажиче мед во уста и пиел половина литар чај. Така наутро и навечер и видел дека му е се подобро и подобро. Се полесно и полсено, нема болки, немам ништо.
„И ете, веќе немам реума и гастритис, а немам ниту затнати артерии. Внесуваме во организмот многу калории, а потоа организмот прима само колку што му е потребно, колку што може, а сè останато останува да се таложи. Потоа доаѓа до гастритис и затнати крвни садови. И тогаш страдате исто како и јас, бидејќи ја сакаме храната и се прејадуваме.
Кога не јадеме умерено, се прејадуваме. Ниеден лек не делува на ваквите заболувања како што тоа го прави чајот од црна рибизла. Витаминот Ц многу освежува и му дава потенцијал на срцето, но не и за реумата. Реумата ја лекува само чајот од лист од црна рибизла“, објаснувал отец Тадеј.