Отец Ивица ТОДОРОВ

Површниот човек наликува на оној кој зачекорил во морето неколку чекори, па онака во плиткото, опкружен со разни отпадоци, храбро плива мислејќи дека ги освоил морските длабочини!

Површниот човек наликува на оној што во својата нива копа дупка за да најде вода, но онака мрзлив, копа плитки дупки и брзо се разочарува што од плитката дупката не избива вода или наместо на вода наишол на крупен камен!
И така, овој површен, мрзелив, но и глупав човек останал без вода, а во исто време си ја уништил нивата исполнувајќи ја со празни дупки!

Во денешно време имаме епидемија од површност која е плод на мрзливоста и глупавост!
Површниот човек, мислејќи дека си самоугодува себе си, тој во исто време себе си се самозалажува и се уништува!

Површните луѓе секогаш се материјал за манупулација од страна на итрите и саможиви егоисти, па затоа злобните егоисти неуморно се трудат во производство на површни, мрзливи и глупави човечки суштества!

Решение:
„Стани ти што спиеш (духовно), воскресни од мртвите (подигни се од духовното мртвило) и Христос ќе те осветли!
Па така, добро внимавајте како живеете! Не како безумни, туку како мудри, ползувајќи го времето, зашто деновите се зли. Затоа не бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Гоподова!“ (Ефесјаните. 5, 14 – 18)

о. Ивица Т