Презвитер Ивица ТОДОРОВ
Предлог законот за родова еднаквост предлага тотално редефинирање на сето она што до сега сте го подразбирале како ПОЛ, РОД, МАШКО, ЖЕНСКО, семејство, здраво поколение, нормалност, традиционален сексуален морал, здрав и просперитетен наРОД!
Драги мои, доколку сме решени да се спротиставиме на тоа да не редефинираат и уништат како наРОД, како идентит и дигнитет, како Македонци, како родители, како нормални семејства, како функционални граѓани на нашата држава, како посветени верници кои својот живот го осмислуваат и вреднуваат со Божјите вистини и модели на живеење – тогаш е потребно сериозно да се спротиставиме на донесувањето на овој крајно проблематичен закон!
Истиот е пишуван крајно итро и подло! Од една страна предлагачите многу се заинтересирани, особено за правата на жените, што не е проблем, па и во постоечкиот и важечки закон жените се заштитени и се потенцира родовата рамноправоста, односно, рамноправноста на мажите и жените!
Но, внимавајте, во новиот закон за РОДОВА ЕДНАКВОСТ се внесува родовата (gender) иделогија, а таа тврди дека ПОЛОТ и РОДОТ се различни нешта!
Еве што за тоа предлагачите напишале во Предлог законот:
Член 4, точка 1: „Пол“ ги подразбира биолошките и психолошките карактеристики врз основа на кои луѓето се дефинираат како жени или мажи. А погледнете што тие подразбираат под РОД! Член 4, точка 3: „Родов идентитет“ се однесува на внатрешното и индивидуално доживување на сопствениот род што секое лице длабоко го чувствува за себе, што може, но и не мора да соодејствува на полот што му е определен при раѓање, како и личното доживување на сопственото телото и поинакво изразување на родот, вклучително име, облека, говор, манири и дуго.
Погледнете за кого се важи Предлог законот! Член 4, точка 6: „Жени, мажи и лицата со разновидни родови идентитети“ ги опфаќа и лицата до 18 годишна возраст. Погледнете во што се состои суштинската стратегија и цел на предлагачите на законот!
Член 23, точка 5: покренува иницијативи и промовира активности за општествени и културни промени со цел искоренување на предрасудите, стереотипите, обичаите, традициите и сите други штетни практики во остварување на родовата еднаквост;
Дали, драги мои Македонци и Македонки, христијани и христијанки разбирате какви општествени проблеми и судири ќе поттикнат овој член и оваа точка од законот, како и целиот закон!?