Здраво! Видов дека сте објавиле фактура од ЕВН, ако може да ни објавите и нашата фактура за месец 12.2023 за приватен стан во кој живееме 3 возрасни (јас сопругата и мајка ми) и 4 деца, ни се обрати жител на Куманово. Во своето обраќање до нас тој понатаму вели:
„Станот е од 110м2. Имам подно греење на стуја со Vaillant котла, веќе 7 години ја користам истата и секој месец се зголемува вредноста на фактурата за струја, а минатиот месец 11/2023 и 12/2023 беа сосема исти, но втората фактурата е двојно поголема.
Декемвриската фактура ми е 66.532 ден за 1 месец и ова беше највисоко ниво до сега од ЕВН. Секој месец почнаа да ја зголемуваат вредноста на сметката, но последниов месец отидоа предалеку. Јас работам во приватна фирма и земам плата од 20.910 ден и треба да ја платам сметката на ЕВН од 66.532 ден. Веќе не знам што да правам: дали да си ги земам жената, децата и мајка ми и да одиме во Германија каде ќе не третираат како луѓе, каде ќе сме сигурну дека ќе можеме да ги плаќаме фактурите само толку што ќе трошиме, или да останувам овде во Куманово и да дозволам на приватна компанија како ЕВН да ме малтретират. ЕВН е пример како може луѓето ги тераат на иселување од државата…
А, покрај пари за сметката за струја ни требаат и за другите неопходни трошоци: храна, облека, школски трошоци, 3 деца,, плаќања за вода и многу други трошоци“, се жали кумановецот.