Се сеќавате како кога бевте во основно училиште, другарчињата ви праќаа писменце во кое пишува дека на тој или таа од училиштето му се допаѓате? За жал, тие времиња кога толку едноставно дознававме на кој му се допаѓаме одамна завршија и со текот на годините љубовта станува се покомплицирана за разбирање. Па затоа, без разлика дали сте му фрлиле око на некој енергичен овен или на сензитивните риби, овој астро-водич ќе ви помогне да ги откриете уникатните знаци со кои секој хороскопски знак се издава дека му/ѝ се допаѓате.

Овен
Овенот не е ниту двосмислен, ниту ќе ве заведува доколку не му е тоа намерата. Така што, доколку му се допаѓате на некој овен, тој/таа веројатно директно и искрено ќе ви го каже тоа. Доколку сакаат да глумат таинствени, обрнете внимание на однесувањето и гестикулациите. Доколку делува вознемирено, нетрпеливо и неспокојно, тоа не се знаци дека овенот сака да избега од вас за да биде на некое друго место, туку дека сака да ги забрзаат работите со вас.

Бик
Бикот е традиционален, конвенционален тип, па доколку ми/ѝ се допаѓате, тој или таа ќе ве заведе на старомоден начин. Испрашувачки прашања од стилот која е вашата омилена боја, храна или цвет, може да значат дека планира да ве повика да излезете и дека во главата го планира совршениот состанок со вас.

Близнаци
Близнаците се добро познати флертувачи чии умови се секогаш будни и активни и тие сакаат да зборуваат со секој што ќе се најде на нивниот пат, на милион различни теми. Со оглед на ова, како да препознаете дека некој близнак чувствува нешто повеќе за вас и дека тоа што се случува не е само неговиот/нејзиниот вообичаен флерт? Ќе препознаете по тоа што ќе преминат од вообичаен разговор, кон прашување полични прашања.

Рак
Раковите се семејно ориентирани луѓе и доколку некој претставник на овој знак почне да се однесува милосливо и сочувствено со вас, тоа е добар знак дека ви „фрлил/а“ око. Доколку се однесува заштитнички кон вас, тоа е уште еден знак дека чувствува нешто. А, доколку ве повика кај него/неа дома за да се запознаете со неговото/нејзиното семејство, тоа е речиси гаранција дека ракот ве гледа како потенцијален љубовен партнер.

Лав
Лавот обожава да биде драматичен, па како да знаете дека големиот спектакл којшто го прави, го вклучува и она што го чувствува за вас и дека тоа не го прави само заради шоу и за да биде забележан? Доколку му/ѝ се допаѓате на некој лав, тој или таа ќе се откаже од центарот на вниманието и ќе ви дозволи да уживате во „театарската претстава“, радувајќи се дека вие сте му/ѝ најголемиот обожавател.

Девица
Логични и практични, девиците не ја покажуваат својата симпатија кон некого со правење голем гест. Доколку одвојат време да ве прашаат што чувствувате за нив или пак самите почнат да ги изразуваат своите чувства кон вас и гледате како полека го спуштаат штитот во ваше присуство, тоа е добар знак дека им се допаѓате.

Вага
Животот на вагата е многу балансиран и благопријатен и секогаш сакаат грациозно да изгледаат во очите на другите луѓе. Па, како да знаете дека тие не се само љубезни и дека навистина им се допаѓате? Така што ќе ви дозволат да станете дел од нивниот животен стил „на висока нога“ и ќе ве поканат на најромантичното „возење“ во вашиот живот.

Скорпија
Ќе знаете дека некоја скорпија ве има на радар, доколку тој/таа зјапа во вас од другиот крај на просторијата преполна со луѓе. Нивниот интензивен поглед ќе направи да се почувствувате како да сте единствената личност во светот. На почетокот скорпијата може да делува малку студено и отсутно, но таа не би го губела времето да муабети со некој за кој не е тотално заинтересиран/а.

Стрелец
Стрелците се дружељубиви и отворени личности, па затоа лесно е да го помешате нивното пријателско однесување со нешто повеќе од тоа. Нивното време за дружење им е многу важно, па ако отидете на повеќе од еден состанок во текот на неделата, тоа е многу добар знак дека тие се вљубени.

Јарец
Јарците ги држат картите затворени, па ќе биде тешко да процените дали припадник на овој знак е заинтересиран за вас. Доколку нивната вкочанета надворешност почнува да омекнува во ваше присуство и доколку излезат порано од работа за да се видите и покрај нивниот густ распоред со обврски, веројатно гледаат потенцијал за романса со вас.

Водолија
Водолиите размислуваат „надвор од кутијата“, затоа не очекувајте дека ќе ви се додворат на традиционален начин. Ако ѝ се допаѓате на водолија, таа може да ви направи шега во еден момент, а веќе следниот да зарие во длабок интелектуален разговор. Нивното чудно однесување всушност значи дека тие ве проценуваат, обидувајќи се да дознаат дали двајцата ќе се сложувате во нивниот ексцентричен свет.

Риби
Добрата вест е што воопшто не е тешко да ја прочитате рибата. Уште подобра вест е тоа што штом рибата еднаш ве засака, таа постојано ќе ве опсипува со љубов и сочувство. Од нив е возможно да добиете рачно напишана поема или рачно нацртан портрет со вашиот лик