Со цел да ја усклади новата  тетоважа со името, мајката – која се претставила како Јохана – официјално го сменила името на синот од  Кевин во Келвин.

Грешката дошла кога сакала на нејзината надлактица да се истетовираат имињата на  нејзиниот син Кевин и ќерката Нове.

Јохана ја забележала грешката кога таа и нејзината братучетка се вратиле дома.

– Во прво време, се чинеше добро. Братучетка ми ме сликаше  додека возевме и тогаш ја видовме грешката. Не можев да поверувам. Мојата братучетка умре од смеа, изјави Јохана за Би-Би-Си.

Таа со роднината веднаш се вратиле во студиото за да ја поправат грешката. Тие и рекле дека можат да ја поправат без проблеми со ласерот.

Но, тогаш таа дознала дека постапката траела околу една година.

– Малку размислив и одлучив да го променам името на Кевин. Сега ни се допаѓа повеќе од старото име и нема да го промениме.

Јохана за шведскиот весник Блекинг Ленс, изјавила дека ќе го напише името и на нејзината новородена ќерка Фреја.

Овој пат, ќе се осигура дека грешката нема да се повтори.

– Ќе го запишам на хартија и ќе го проверам 10. 000 пати, изјавила таа за весникот.