Годинашнава победничка на Ролан Гарос, феноменалната Романка Симона Халеп, е во фокусот на светските медиуми, а некои не се интересираат само за нејзиниот спортски успех, туку и за приватниот живот.
Така романскиот спорт њуз ги бара семејните корени на Симона и ги наоѓа во Македонија. Ниту врвната тенисерка тоа не го крие, напротив честопати го истакнува како семејна вредност и таа е горда на тоа.
Нејзините претходници се доселиле во Констанца за време на Отоманската империја. Станува збор за влашко семејство, но истакнуваат дека се Македонци по потекло (некаде може да се најде употребата на терминот Цинцари, или Аромани).
Во репортажата на романскиот спортски магазин се истакнува дека семејното стебло на Симона Халеп потекнува од најцврстата гранка на македонската задница во Романија. Во јавниот живот тие важат за група која ја почитува традицијата и таа е нивното најголемо богатство, а не парите.
„За нив македонствотото е најважно нешто, се чуваат до традицијата. Тие за ништо на светот нема да се откажат од македонизмот и никогаш не се одделиле од него. Колку е тоа важно зборува податокот дека таа група никогаш не се мажи/жени со припадници на друга група. Таа ќе се држи до семејната традиција и ќе се омажи за Македонец“, рекол за магазинот близок пријател на семејствотото Халеп.