Неколку италијански медиуми објавија дека Раџа Наинголан својата кариера ќе ја продолжи во Интер. Рома и Интер успешно ги завршиле преговорите и Наинголан на 1 јули ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.

Интер за Наинголан на Рома ќе и плати 29 милиони евра и ќе и го отстапи талентираниот 19-годишник Никола Заниоло. Белгиецот во Интер ќе има годишна плата од 4,5 милиони евра.

Наинголан изминатите две недели беше еден од најекспонираните фудбалери во светските медиуми, поради одлуката на белгискиот селектор да не го повика во репрезентацијата што ќе игра на Светското првенство во Русија.