Училиштата и факултетите во Уругвај нема да имаат настава за време на натпреварите на националниот тим на Светското фудбалско првенство во Русија, одлучи тамошното Министерство за образование.

Часови во образовните интитуции за време на натпреварите, нема да има, и тие ќе се одржат по завршувањето на истите, кои како што е познато, се гледаат низ целата земја, соопштуваат властите.

Универзитетот на Монтевидео исто така, одлучи да ги прекине предавањата додека траат дуелите на националната репрезентација.

– Очигледно е дека нас Уругвајците, спортот, а посебно фудбалот нè дефинира. Тоа ни создава чувство на единство коешто денес е сè поретко. Нашата мисија е да обрнеме внимание на тие вредности, вели деканот на Католичкиот универзитет во допис до сите студенти.

Уругвај е во групата А со домаќинот Русија, Египет и Саудиска Арабија.