Иако во тек е оглас со кој акционерското друштво во државна сопственост бара вработување на 500 лица, министерот за економија Крешник Бектеши вели дека со „зелената транзиција“ во иднина ќе следува намалување на бројот на работници во АД ЕСМ. За оние кои ќе останат без работа ќе бидат подготвени отпремнини и социјални пакети.

Во делот на ЕСМ да стане поефикасна, затоа што има потешкотии со ликвидноста, се предвидуваат социјални пакети. Тоа значи дека ние, како држава, ќе им понудиме пакети на постоечките вработени или да се вработат во приватен сектор со отпремнини или, пак, од делот на годините кои им остануваат до завршување на кариерата да им се даде можност во вид на грантови да можат сами да направат инвестиции во приватен сектор и според пресметките за секој вработен ќе биде одвоено околу 20 до 30 илјади евра, што како фискални импликации на работењето на ЕСМ се помали од сегашните постоечки расходи во „Осломеј“ каде загубите се до 16 милиони евра годишно. Ако ги скратиме овие загуби до 2030 година и државата ќе добие и ќе имаме помош за тие вработени, изјави неодамна Бектеши.