Откако не се појави на денешната седница во Собранието за гласање на доверба на Владата, пратеникот Кастриот Реџепи од редовите на БЕСА на Фејсбук објасни зошто отсуствувал. Статусот го пренесуваме во целост и преведен.
-Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кое припаѓам е евроатлантската интеграција на РС Македонија. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ кои ми беа пренесени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе отпочне преговори за членство во ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и тонење во турбулентни води полни со непознати работи, стои во Фејсбук објава на Реџепи.
Како што пренеоса повеќе медиуми пратеникот Реџепи не беше достапен на телефон ниту бил во неговиот дом. Според информациите споделени во медиумите не биле достапни ни членовите од неговото потесно семејство.