Во Франција е отворена прелиминарна истрага поради сомневање дека натпреварот ПСЖ – Звезда во Лигата на шампиони била наместена, јавија француски медиуми.
Францускиот весник Екип пренесе дека постојат сомневања за „еден српски претставник на клубот“ кој во обложувалница сакал да вложил голема сума пари на пораз на сопствениот тим на пораз од најмалку пет голови разлика. Наводно тоа лице според весникот, сакало да вложи скоро пет милиони евра на пораз на Црвена Звезда.
– Еден српски раководител сакал да се вложи рчиси пет милиони евра на пораз на својот тим со пет голови разлика, наведува весникот.
Неколку дена пред натпреаврот УЕФА го известила француското обвинителство за „можни нелагални дејствија“. За сето ова знаеле само претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и неговите најблиски соработници. Поради сето ова, француските власти сакале да ја снимаат средбата меѓу висок функционер на Црвена Ѕвезда и претседателот на ПСЖ, но до средбата не дошло.
Исто така француските власти внимателно ги следеле сите он лајн уплати на овоиј натпревар низ светот, но не забележале невообичаени работи. Инаку, доколку дошло до уплата од пет милиони евра, играчот би добил 16,5 милиони, односно заработка без данок од 11,5 милиони евра. За да се осигура, функционерот наводно во шемата вклучил и неколку играчи.
За францускоите медиуми посебно е спорно што во одредени моменти играчите на Ѕвезда како да се шетале по теренот, пред се во случајот со вториот, третиот и петтиот гол на ПСЖ.
На 3 октомври ПСЖ ја совлада Звезда со 6-1 во второто коло од Групата Ц во Лигата на шампиони. Прелиминарната истрага ја отворило француското финансиско обвинителство.