Ана ГЛИГОРОВА
До министерот во Министерството за образование и наука на Република Македонија, Мила Цароска, министерот во Министерството за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести!
Имам морална одговорност како човек и граѓански активист да ве известам дека пред неколку часа имав разговор со родител од Тетово кој видно исплашен ми ја образложи состојбата со КОВИДОТ во тетовските основни и средни училишта.
Денеска. после починувањето на 16 годишната ученичка од средно училиште, децата не се појавиле во голем дел на часови. Смрттно исплашени. Ме извести дека голем дел од децата и наставниот кадар се заразени од оваа непредвидлива и смртоносна болест.
Од друга страна сум информирана и за скопските основни и средни училишта каде под тепих се става овој голем проблем. Многу заболени. Наставниците се очајни, исплашени да не бидат избркани од работа, а тие се ставени во голем ризик.
Зошто морате под ИТНО ДА ПРОДОЛЖИТЕ СО ОНЛАЈН НАСТАВА и тоа со владина одлука?
Родителите ги праќаат своите деца на училиште верувајќи му на системот, а системот е неспособен да спроведе протоколи како, на пример, во Норвешка. Бројот на невакцинирани е огромен, отворени се ноќните клубови и се е пуштено на случајност.
НИЕ НЕМАМЕ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ КОЈ МОЖЕ ДА СЕ СПРАВИ СО ОВОЈ ПРОБЛЕМ, ШТО СЕ ВИДЕ ПО БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ.
Втори во свет, први во Европа. На 100 хоспитализирани 60 излегуваат во ковчег. И тоа не ви е доволно за да сфатите дека ШТЕТАТА Е НЕПОПРАВЛИВА.
Пред изборите сметавте ако ги оставите децата да одат со физичко присуство ќе ги придобиете скептиците, антиваксерите кои ги има многу, дека ќе ги добиете изборите. Ама се излажавте.
Доби опозицијата на локално ниво. Возрасните се заразуваат од младите, од учениците и студентите. Јас познавам многу кои починаа а беа заразени од млада личност. Вирусов напаѓа и возрасни и младо и нема милост.
Ќе апелирам, во името на илјадници луѓе кои се донесени во заблуда и кои веќе се жртви на болеста или ќе бидат во наредните студени месеци, да преземете итно мерки. Тоа значи ОНЛАЈН НАСТАВА за сите и ЗАТВОРАЊЕ НА НОЌНИТЕ КЛУБОВИ. НЕМАМЕ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ што може да го издржи овој невиден товар. Истроиата ќе ве помни само по лошо!