Антигона БРАЗДОВА

Во живо на Телма се вклучи репортер од Боемска улица во Дебар Маало, со правење драма дека во еден кафич подолго време (мислам скоро два часа) не им бил дозволен влез на инспекторите на ДПИ. Изјава на телевизија даде Мери Проја Продановска, раководителката на инспекциски надзор Скопје, која изјави дека бил забележан лидер на една партија (алудирајќи на Мицковски) и потенцираше дека правдата ќе важи подеднакво за сите!

Ич, ама ич не го бранам Мицковски (дури и сум бесна за многу негови чекори). Само ќе постирам неколку слики од инспекторката, па вие сами донесете заклучок дали се работи за спроведување на закон или мачкање очи сосе собирање изборни поени на контото на СДС.