Во злосторство какво не се памети во новата хрватска историја, убиени се 6 луѓе меѓу кои едно дете на возраст од 10 години.Убиецот до смрт изрешета двајца мажи, три жени додека бебето за чудо преживеало.

Убиецот е роден во Вуковар во 1983 година. Има 36 години и се вика Игор Наѓ, по порофесија таксист. Неговиот автомобил „Шкода октавија“ бил пронајден на местото каде извршил самоубиство по грозоморното злосторство. Според пишувањата на медиумите, Игор со една од жртвите, Маја, имал бебе, кое во масакрот не било убиено.Како што неофицијално дознава Вјести.хр, убиените сестри се Маја и Јосипа Тојагиќ, а 10-годишното момче е син на Маја. Меѓу убиените се и Драгомир Тојагиќ и Фиљке Тојагиќ, родители на убиените сестри. Убиен е и Давор Паушак, со кого Јосопа била во врска.

Маја за осум дена требала да го прослави 35. роденден. Убиецот бил момче на Маја.

На местото на крвопролевањето синоќа еден час после полноќ пристигнал и началникот на Полициската управа на Загреб. Загрепската полиција потврдила дека во 04:10 часот убиецот извршил самоубиство. Новинари на Вјести.хр разговарале со поранешна колешка на Маја. Таа со неа работела 2 години.

-Маја беше добра девојка и добра колешка. Работевме во еден салон за масажа. Игор доаѓаше кај неа на масажа и така ја започнаа врската. Таа беше разведена и имаше дете. За детето навистина се грижеше како вистинска мајка. За Игор не знам дека се занимавал со дрога ниту дека бил дилер. Маја никогаш не се жалеше од него, но тоа беше почеток на нивната врска. Не знам што во меѓувреме се случувало затоа што не бевме во контакт. Сестра ѝ не ја познавав. Не знам дали бебето кое преживеало е нејзиното и на Игор затоа што таа објавуваше многу заеднички фотографии со нејзиниот син, па зошто не би објавила и од бебето. Но, не можам со сигурност да тврдам, рекла колешката.