Мерење температура на влез во училиште која не треба да биде повисока од 37.4, дизинфицирање пред настава, за време на одмор и после настава, задолжително носење маски, но не и за време на голем одмор, но одржување на потребното растојание, забранет влез во уличишетето за лица кои не се вработени во истото се дел од протоколите со кои ќе стартува новата учебна година во училиштата во земјава.

Првиот училишен ден упатства за учениците како да одржуваат растојание, хигиена на раце, заштита на сопственото здравје и на другите;

Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда;

На влезот во училиштето, во ходниците, училниците, средства за дезинфекција и информативни табли за заштита;

Влегувањето во училиштето само со заштитна маска;

За време на голем одмор на отворено не е задолжително носење маска, но да се одржува растојание;

На влезот ученикот го пречекува дежурен наставник кој му ги дезинфицира рацете на ученикот;

Директорот одредува редарска служба, која ќе се грижи за воспоставување ред во и надвор од училишетето;

На учениците кои доаѓаат со организиран превоз им се мери температира пред влегување која не треба да е повисока од 37.4;

Превозниците кои превезуваат ученици-патници ги почитуваат мерките;

Пред влезот во училиштето на сите вработени им се мери температура со бесконтактен топломер која ако е повисока од 37.4 лицето се упатува на матичен лекар;

Забрането влегвање на родители, старатели во училишетето, децата ги испраќаат до влезот на училиштето;

Се забрануваат сите видови физички контакти и поздравувања помеѓу вработените и учениците;

Наставниците да избегнуваат подолго задржување во канцеларија, да ја запазуваат дистанцата и носење маски;

Родителски средби преку он лајн апликација или на отворено ако дозволуваат временските услови;

Површините кои се допираат од учениците и вработените, да се дизинфицираат најмалку двапати дневно;

Доколку дозволуваат временските услови да се остава прозорецот отворен на училницата и да се избегнува користење на клима уреди;

Чистење на училниците пред настава, за време на одмор и после настава со соодветни средства за дезинфекција;

Употребата на тоалет на организиран начин, ако веќе има некој внатре, ученикот чека да излезе па влегува;

Храната која се подготвува да биде во согласност со Законот за безбедност на храна;

Во спортска сала, библиотека, да нема мешање на повеќе паралелки;

Доколку се појави лице заразено од Ковид 19 треба да се изолира во посебна просторија и да се контактира Центарот за јавно здравје;