Луѓето кои страдаат од депресија не треба да се избегнуваат како работници, всушност, нив треба да им се даде вистинска работа, која ќе ја извршуваат добро, а притоа и тие ќе се чувствуваат подобро.
Експертите тврдат дека луѓето, кои страдаат од депресија, се вредни работници и кога ќе зацртаат некој план или идеја, тие можат да станат одлични во својата работа. Се разбира, не сите луѓе можат да ја прават истата работа со еднаков ефект и се советува дека депресивните луѓе треба да ги избегнуваат стресните работни места, кои вклучуваат интеракција со јавноста и постојан притисок на околината.
Многу студии покажуваат дека работата може да донесе здравје и да ја намали депресијата, но ситуацијата треба добро да се испита. Секојдневното одење на работа, носи некои придобивки, како што се:
– социјализација
– физичка и ментална активност
– структура на работниот ден
– чувство за успех
– социјален статус
– финансиска стабилно
-чувство на способност
-способност за подобрување на вештините
Затоа е важно депресивните луѓе да добијат работа и можност за напредок и личен развој.
Еве кои работни места им се препорачуваат на оние кои страдаат од депресија:
1.Работа на отворено
Работата на отворено е природен лек за депресијата, велат експертите, и има многу работни места кои вклучуваат работа на отворено. Некои од примерите се: градинарство, работа во стаклена градина, чувари на паркови, градежништво и шумарство, и слично. Сите овие работи се вршат надвор од канцеларијата, па луѓето се чувствуваат подобро.
2.Креативни работни места
Ако помислата дека работате надвор ви предизвикува страв, тогаш можеби повеќе сте заинтересирани за креативна работа. Постојат многу различни работни места за луѓе со депресија, кои ги привлекува уметничката страна.
Всушност, некои експерти сметаат дека депресивните луѓе имаат покреативен ум од другите. Вистинските докази се Ван Гог и Чајковски, двајцата креативци, кои претрпеле многу, а се доказ за вистинска уметност. Затоа, работните места како кустос, работник во уметничка галерија, работа во библиотека, писател или новинар и слични професии можат да им помогнат на депресивните луѓе полесно да се изразуваат.
3. Работа со животни
Познато е дека животните имаат смирувачко влијание врз луѓето. Имено, истражувањата покажаа дека вдомувањето на животни води до ослободување на хемиско соединение наречено окситоцин, познато како „љубовен хормон” и за сопственикот и за животното. Ако се плашите од одредени животни, секогаш можеш да вдомите некое кое ви е при срце. На крајот на краиштата, тоа сепак не може да ви наштети.
Работите кои вклучуваат работа со животни се: шетање на кучиња, чување на животни додека сопственикот не е дома, одгледување и тренирање на животни, ветеринарство, фотографирање на животни, шишање и бањање на животни и сличн.