Многу пати слушаме дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Ајде да видиме, кои се тие факти за начинот на размислување на мажите и жените.

Мажите генерално велат дека жените се многу позборлести, ги комплицираат работите и дека импулсивно реагираат.

Жените имаат мислење дека мажите не слушаат и дека повеќето работи ги банализираат.

Колку всушност машкиот и женскиот мозок различно функционираат?

Да, разликите се присутни и се прилично големи, но не оди се во прилог на на машкиот мозок како што мажите сакаат да мислат.

Докажано е дека мажите имаат поголем мозок од жените, што, пак, нема врска со телесната маса или со неговиот развој. Делот од мозокот, кој е одговорен за решавање на проблеми, е поразвиен кај жените.

Исто така и лимбичниот дел од мозокот, во кој се наоѓаат и емоционалните центри.

Кај мажите, е поразвиен делот е задолжен за просторна ориентација и амигдалата, која е одговорна за социјално и сексуално однесување.

Жените имаат 10 пати повеќе бела мозочна маса, а мажите 6 пати повеќе сива. Што ќе каже дека мажите мислат со сивата маса, а жените со бела.

Значи мажите размислуваат со невроните, а жените со неврални врски. Токму заради овој факт е точно дека функционирањето на женскиот мозок е посложено.

Женскиот мозок, според тоа, работи побрзо од машиот, а за ова е задолжено густото пакување на неврони. Едноставно кажано, невроните се поблиски еден до друг, и тоа значително ја забрзува комуникацијата, токму поради тоа жените се способни за вербализација и комуницирање.

Интересно е што мажите користат мал дел од левата страна на мозокот за да решат проблем, а жените ги користат двете страни.

Значи, во никој случај не е точно дека мажите се поинтелигентни од жените, или обратно, жените и мажите едноставно имаат апсолутно два различни видови на интелигенција.

Дури и менталните нарушувања се различни, кај женскиот пол, поголема е веројатноста да се појават депресија и состојби на напнатост, бидејќи  создаваат само половина од хормоните на среќата во споредба со мажите.

Мажите често страдаат од шизофренија, аутизам, пореметување при читањето.