Од утре започнуваат борбите во втората фаза од Светското првенство во кошарка, кое се игра во Кина
Полска, Аргентина, Шпанија, САД, Бразил, Франција, Австралија и Србија беа совршени, што ги прави силни кандидати за пласман меѓу најдобрите осум.
Грција едвај во третото коло обезбеди пласман за втората фаза, каде ја чека многу интересната група „К“ и дуели со Американците и Чешката Република, заедно со Бразил, како уште еден претендент за четвртфиналето од таа група.
Вака изгледаат новоформираните групи позавршувањето на првата фаза:
Група „И“: Аргентина 3-0, Полска 3-0, Венецуела 2-1, Русија 2-1
Група „Ј“: Србија 3-0, Шпанија 3-0, Италија 2-1, Порто Рико 2-1
Група „К“: Бразил 3-0, САД 3-0, Грција 2-1, Чешка 2-1.
Група „Л“: Франција 3-0, Австралија 3-0, Литванија 2-1, Доминиканска Република 2-1
Распоред на натпревари:
Група „И“
Петок, 6 септември:
10.00 часот: Полска – Русија
14.00 часот: Аргентина – Венецуела
Недела, 8 септември:
10.00 часот: Венецуела – Русија
14.00 часот: Полска – Аргентина
Група „Ј“
Петок, 6 септември:
10.30 часот: Србија – Порто Рико
14.30 часот: Шпанија – Италија
Недела, 8 септември:
10.30 часот: Порто Рико – Италија
14.30 часот: Шпанија – Србија
Група „К“
Сабота, 7 септември:
10.30 часот: САД – Грција
14:30 часот: Бразил – Чешка
Понеделник, 9 септември:
10.30 часот: САД – Бразил
14:30 часот: Чешка – Грција
Група „Л“
Сабота, 7 септември:
10.00 часот: Австралија – Доминиканска Република
14.00 часот: Франција – Литванија
Понеделник, 9 септември:
10.00 часот: Доминиканска Република – Литванија
14.00 часот: Франција – Австралија
Во четвртфиналето одат првопласираните две екипи од овие групи одат во четвртфиналето, а таму ќе се сретнат според пласманот: И1 / J2 против K1 / Л2 (Донган) и Ј1 / И2 против Л1 / К2 (Шангај).