Македонската фудбалска репрезентација, вечерва одигра нерешено на гостувањето со репрезентацијата на Израел. По примениот гол од Захави кој беше успешен во 55 минута, израмнивме преку Адеми девет минути подоцна. Тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

По двата порази на домашен терен од Полска и посебно катастрофата со Австрија, малку кој очекуваше поволен резултат на ова гостување, псоебно што Израел е на второ место на табелата. Но, всушност ние бевме тимот кој имаше уште најмалку четири сто отстотни шанси од кои последната во 92 минута. Вистинска штета што не победивме.

Инаку натпреварот го запачнавме без Горан Пандев, кој влезе во игра во 69 минута на местото на Несторовски при резултат 1:1.

Следниот натпревар го играме во понеделиник кога и гостуваме на Латвија.

Со пет одиграни натпревари, сега сме на четвртото место во групата и имаме освоено пет бодови со една победа и два нерешени натпревари. Латвија е на последното место на табелата во нашата група со четири порази од четири натпревари. Единствената наша победа е токму против Латвија во Скопје со 3:1.