Вечерва ќе можеме да уживаме во нова порција интересни дуели од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Девет судири од групите „Ц“, „Е“, „Г“ и „И“ ќе нè приближат еден чекор поблизу до тоа да откриеме кои тимови ќе го најдат своето место на собирот следната година.

Врвот на програмата несомнено е мега-дербито на европскиот фудбал помеѓу екипите на Германија и Холандија. Во првиот судир помеѓу двете екипи во групата Ц, „панцирите“ победија со 3:2 во спектакл на холандско тло. Момчињата на Роналд Куман сигурно ќе бидат амбициозни да се реваншираат на лојалната холандска публика со триумф на гостински терен.

Во друг судир кој ќе привлече внимание, Шкотска ја пречекува Русија во натпревар од групата „И“,кој се чини е директен дуел за второто место во групата, каде фаворит и селекцијата на Белгија.

Еве ги сите деули од вечерашната програма:

Група „Ц“:

Естонија – Белорусија, 18:00 часот
Германија – Холандија, 20:45 часот

Група „Е“:

Словачка – Хрватска, 20:45 часот
Велс – Азербејџан, 20:45 часот

Група „Г“:

Австрија – Латвија, 20:45 часот
Словенија – Полска, 20:45 часот

Група „И“:

Кипар – Казахстан, 18:00 часот
Сан Марино – Белгија, 20:45 часот
Шкотска – Русија, 20:45 часот.